Контролна табла – Инструкция по эксплуатации Electrolux EWF106410W

Страница 31

Advertising
background image

Фиока за детергент

Преграда за детергент, што се

користи во фазата на претперење или

киснење, или за средство за

отстранување дамки, во фазата на

дејство против дамките (доколку ја

има). Детергентот за претперење и

киснење се додава на почетокот од

програмата за перење. Средството за

отстранување дамки се додава во

текот на фазата на дејство против

дамките.

Преградата за детергент во прав

или за течен детергент се користи за

главното перење. Aко користите течен

детергент налејте го пред самото

стартување на програмата.

Преграда за течни додатоци

(омекнувач, штирак).

Следете ги препораките на

производителот за количините што

треба да се користат и не

пречекорувајте ја ознаката „MAX“ во

фиоката на дозерот за детергент. Сите

омекнувачи или адитиви за штиркање

мора да се налеат во преградата пред

самото стартување на програмата за

перење.

Водич на програмите
Водичот на програмите се наоѓа на

предниот дел од фиоката за детергент.

Други водичи на програми на различни

јазици се наоѓаат во торбата со

прирачникот за корисници. (Не мора да

значи дека сите уреди имаат повеќе од

еден водич за програми).

За да го замените водичот за програми:

1. Повлечете го соодветната страна и

извадете го.

2. Ставете го новиот водич за програми.

КОНТРОЛНА ТАБЛА

Подолу е слика на контролната табла. На неа се прикажани тркалцето на

програматорот, како и копчињата, контролната сијаличка и екранот. Тие се

претставени со соодветните броеви на следните страници.

electrolux 31

Advertising