Персонализација, Секојдневна употреба – Инструкция по эксплуатации Electrolux EWF106410W
Страница 35
ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
Звучни сигнали
Машината е опремена со звучен уред
кој се огласува во следните случаи:
• на крајот од циклусот
• ако има дефект.
Откако истовремено ќе ги притискате
копчињата 4 и 5 околу 6 секунди ,
звучниот сигнал се исклучува (освен во
случај на дефект). Со повторно
притискање на овие 2 копчиња,
звучните сигнали повторно се
вклучуваат.
Безбедносна блокада за децата
Овој уред Ви дозволува да го оставите
апаратот без надгледување и да не се
грижите за тоа дека децата може да се
повредат или да го оштетат. Оваа
функција останува вклучена и кога
машината не работи.
Има два начина да се нагоди оваа
опција:
1. Пред да го притиснете копчето 8 :
стартувањето на машината е
невозможно.
2. Откако да го притиснете копчето 8 :
менувањето на која било друга
програма или опција е невозможно.
За активирање или дезактивирање на
оваа опција притискајте ги истовремено
околу 6 секунди копчињата 5 и 6 ,
додека иконата не се појави или
изгуби од екранот.
СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
Полнење на алиштата
Отворете ја вратата со внимателно
влечење на рачката кон надвор.
Ставете ги алиштата во барабанот,
едно по едно, протресувајќи ги што е
можно повеќе. Затворете ја вратата.
Измерете детергент и омекнувач
Извлечете ја фиоката од дозерот
додека не застане. Измерете ја
количината потребен детергент,
всипете ја во главната преграда или
во соодветната преграда, ако тоа го
бара избраната програма/опција
(повеќе детали ќе најдете во "Фиока на
дозерт за детергент").
Доколку е потребно, всипете омекнувач
во преградата означена со
(количината не смее да ја надмине
ознаката "MAX" во фиоката). Полека
затворете ја вратата.
electrolux 35