Одржување и сервис – Инструкция по эксплуатации Bosch PHO 1

Страница 55

Advertising
background image

Македонски | 55

Bosch Power Tools

1 609 92A 06U | (16.4.13)

го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 4 и
држете го притиснат.

За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.

Совети при работењето

Процес на рендање
Поставете ја саканата длабочина на стругање и поставете
го електричниот апарат со предниот дел на подлогата од
рендето 6 на делот што се обработува.
Пред било каква интервенција на електричниот

апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.

Доколку е вклучен, не го водете електричниот

апарат директно кон делот што се обработува. Инаку
постои опасност од повратен удар, доколку алатот што
се вметнува се заглави во делот што се обработува.

Вклучете го електричниот апарат и водете го со иста
брзина по површината што ја обработувате.

За постигнување на висококвалитетни површини,
работете со мала брзина и со постојан притисок на
центарот на подлогата на рендето.

При обработка на цврсти материјали, на пр. цврсто дрво,
како и при користење на максималната ширина на
рендето поставете мала длабочина на стругање и ев.
намалете ја брзината на рендање.

Зголемената брзина го намалува квалитетот на горните
површини и може да доведе до брзо затнување на
исфрлувачот на струготини.

Само острите секачи на рендето овозможуваат добар
капацитет на сечење и зголемуваат рокот на употреба на
електричниот апарат.

Закосување на рабови (види слика G)
V-жлебот на предната страна на подлогата на рендето 7
овозможува брзо и едноставно закосување на рабовите
од делот што се обработува. Притоа поставете го рендето
со V-жлеб на работ од делот што се обработува и водете го
по должина на делот што се обработува.

Рендиња со паралелен/аголен граничник
(види слики D–F)
Монтирајте го паралелниот граничник 17 одн. аголниот
граничник 21 со шрафот за прицврстување 20 на
електричниот апарат. Во зависност од примената,
монтирајте го граничникот за подесување на длабочината
на засекот 24 со шраф за прицврстување 23 на
електричниот апарат.

Олабавете ја завртката за зацврстување 19 и подесете ја
саканата ширина на засекот 18. Повторно зацврстете ја
завртката за заклучување 19.
Поставете ја саканата соодветна длабочина на засекот со
граничникот за подесување на длабочината на засекот 24.

Повторете го процесот на рендање повеќе пати, додека не
ја постигнете саканата длабочина на засекот. Водете го
рендето со страничен притисок со налегнување.

Искосување со аголниот граничник

При закосување на засеци и
површини поставете го
потребниот агол на
закосување со подесување
на аголот 22.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.

Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и

отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.

Доколку електричниот апарат се расипе и покрај
грижливото одржување во согласност со напомените на
производителот, поправката треба да се изврши само од
страна на овластената сервисна служба за Bosch-
електрични алати.

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.

Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888

Отстранување

Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.

OBJ_BUCH-511-004.book Page 55 Tuesday, April 16, 2013 11:22 AM

Advertising