Инструкции за безбедност – Инструкция по эксплуатации Electrolux EKC52500OX

Страница 4

Advertising
background image

• Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го

апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак или

специјално противпожарно ќебе.

• Не чувајте предмети на површините за готвење.

• Не користете чистач на пареа за чистење на уредот.

• Металните предмети, како ножеви, виљушки, лажици и

капаци, не треба да се оставаат на површината за готвење

бидејќи може да станат жешки.

• Внимавајте кога ја допирате фиоката за складирање. Може

да се вжешти.

• Ако стакло-керамичката површина е напукната, исклучете го

апаратот за да ја избегнете можноста од струен удар.

2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

2.1 Монтажа

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Апаратот мора да биде монтиран

само од квалификувано лице.

• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да користите

оштетен апарат.

• Придржувајте се до упатството за монтажа

приложено со апаратот.

• Секогаш внимавајте кога го преместувате

апаратот затоа што е тежок. Секогаш

носете заштитни ракавици.

• Не влечете го апаратот за рачката.
• Одржувајте минимална оддалеченост од

другите апарати и делови.

• Проверете дали апаратот е монтиран под и

во близина на безбедна структура.

• Страните на апаратот мора да останат во

близина на апаратите или до уредите со

иста висина.

• Не поставувајте го апаратот врз

платформа.

• Не го монтирајте апаратот во близина на

врата или под прозорец. На овој начин ќе

спречите некој жежок сад за готвење да

падне од апаратот кога вратата или

прозорецот се отворени.

Поврзување на струја

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од пожар и електричен

шок.

• Секое поврзување на струја треба да биде

направено од квалификуван електричар.

• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали податоците за струјата од

плочката со спецификации одговараат на

напојувањето со електрична енергија. Ако

не, контактирајте со електричар.

• Секогаш користете правилно инсталирана

приклучница, обезбедена од струјни удари.

• Не употребувајте повеќекратни приклучоци

и продолжени кабли.

• Внимавајте да не ги оштетите приклучокот

за струја и кабелот. Контактирајте со

сервисниот центар или со електричар за да

го смените оштетениот кабел.

• Не дозволувајте кабелот да дојде во допир

со вратата на апаратот, особено кога

вратата е жешка.

• Заштитата од електричен удар на

активните и изолираните делови мора да

се поврзе на таков начин што нема да

може да се извади без алатки.

• Поврзете го приклучокот за струја со

штекерот на крајот од монтажата.

4

www.electrolux.com

Advertising