Инструкция по эксплуатации Electrolux EHF3920BOK

Страница 34

Advertising
background image

1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно

прочитајте ги доставените упатства. Производителот не е

одговорен ако неправилната монтажа и употреба предизвикаат

повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го упатството со

апаратот за идна употреба.

1.1 Безбедност на деца и ранливи лица

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Ризик од задушување, повреда или траен инвалидитет.

• Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8

години и постари и лица со намалени физички, сетилни или

ментални способности или со недостаток на искуство и

знаење доколку ги надгледува лице кое е одговорно за

нивната безбедност.

• Деца не смеат да играат со апаратот. Деца под 3 годишна

возраст не смеат да се остават без надзор во близина на

апаратот.

• Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.

• Држете ги децата и миленичињата подалеку од апаратот

кога тој работи или кога се лади. Деловите кои се достапни

се жешки.

• Ако апаратот има безбедносен уред за деца, ви

препорачуваме да го активирате.

• Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не

треба да го прават деца без надзор.

1.2 Општа безбедност

• Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат за

време на употребата. Не допирајте ги грејните елементи.

• Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер или со

посебен систем за далечинско управување.

• Готвењето на плотна со маст или масло без надзор може да

биде опасно и да доведе до пожар.

34 www.electrolux.com

Advertising