Опис на производот и моќноста – Инструкция по эксплуатации Bosch PST 10,8 LI

Страница 60

Advertising
background image

60 | Македонски

2 609 006 849 | (31.5.13)

Bosch Power Tools

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага.
Постои опасност од
експлозија.

Доколку се оштети батеријата или не се користи

правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар.
Пареата може да ги надразни дишните
патишта.

Користете батерии кои се соодветни на Вашиот

електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.

Користете само оригинални Bosch батерии со напон

кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот електричен уред.
При користење на други
батерии, на пр. имитации, истрошени батерии или
непознати производители, постои опасност од повреди
како и материјални штети доколку експлодира
батеријата.

Опис на производот и моќноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.

Употреба со соодветна намена

Електричниот апарат е наменет за разделување и сечење
во дрво, гипс картон, нежелезни метали и пластика на
стабилна подлога. Тој е наменет за кратки резови, како
прави така и криви.

Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.

1 Копче за отклучување на батеријата
2 Батерија*
3 Прекинувач за вклучување/исклучување
4 Блокада при вклучување на прекинувачот за

вклучување/исклучување

5 Лампа „PowerLight“
6 Рачка (изолирана површина на дршката)
7 Основна плоча
8 Лист на пилата*
9 SDS-прифат за листот за пилата

10 Приказ за наполнетоста на батеријата

*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Информации за бучава/вибрации

Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 85 dB(A); ниво на звучна јачина
96 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a

h

(векторски збор на

трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
Сечење на шперплоча: a

h

=6 m/s

2

, K=1,5 m/s

2

,

Сечење на метален плех: a

h

=8 m/s

2

, K=1,5 m/s

2

.

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено
со нормирана постапка според EN 60745 и може да се
користи за меѓусебна споредба на електрични апарати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на
оптеретувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се ко-
ристи за други примени, алатот што се вметнува отстапува
од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува
нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
За прецизно одредување на оптеретувањето со вибрации,
треба да се земе во обѕир периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова
може значително да го намали оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот пред да влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните
апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината
на дланките, организирајте го текот на работата.

Изјава за сообразност

Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните
производи во „Технички податоци“ се сообразни со
следните норми или нормативни документи: EN 60745
според одредбите на регулативите 2009/125/EC,
(одредба 1194/2012), 2011/65/EU, 2004/108/EC,
2006/42/EC.

Убодни и сабјести пили

PST 10,8 LI

Број на дел/артикл

3 603 CB4 0..

Номинален напон

волти=

10,8

Број на удари во празен од n

0

min

-1

0 –2200

Прифат на алатот

SDS

Контрола на бројот на вртежи

Удари

мм

12

макс. длабочина на резот
– во дрво
– во гипс картон
– во пластика
– во алуминиум

мм
мм
мм
мм

30
24
10

2

Тежина согласно
EPTA-Procedure 01/2003

кг

1,1

OBJ_BUCH-1968-001.book Page 60 Friday, May 31, 2013 10:56 AM

Advertising