Монтажа – Инструкция по эксплуатации Bosch PST 10,8 LI

Страница 61

Advertising
background image

Македонски |

61

Bosch Power Tools

2 609 006 849 | (31.5.13)

Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen

Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Leinfelden, 11.03.2013

Монтажа

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него.
При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.

Полнење на батеријата

Користете ги само полначите што се наведени на

страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.

Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.

Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата,
што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и
45 °C . Со тоа се постигнува долг рок на траење на
батеријата.

Вадење на батеријата
За да ја извадите батеријата

2 притиснете на копчињата за

отворање

1 и извлечете ја батеријата наназад од

електричниот апарат.

Притоа не употребувајте сила.

Вметнување/замена на листот за пилата

При монтажа на листот од пилата носете заштитни

ракавици. При допирање на листот за пилата постои
опасност од повреда.

Избор на лист за пилата
Користете само листови за пила што се соодветни за
материјалот што се обработува.

Поставувајте само листови за пила со сечило со еден
заоблен дел (T-сечило). Листот за пилата не треба да биде
подолг отколку што е потребно за предвидениот рез.

За сечење на тесни криви линии користете тесен лист
пила.

Избегнувајте контакт со кожата, доколку сакате да

замените лист од пилата, и користете неоштетени
заштитни ракавици.
Листот за пилата при подолго
работење може да се вжешти.

Вметнување на листот за пилата (види слика A)
Исчистете го сечилото на листот за пила пред

вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.

Напомена: Листот за пилата 8 може да се стави само
доколку SDS-прифатот за лист за пила

9 е отворен.

Вметнете го листот за пилата

8 за сечење со убодна пила

со правец на резот нанапред, за сечење со сабјеста пила
со правец на резот наназад. Вметнете го во саканата
позиција до крај во SDS-прифатот за лист за пилата

9,

додека не се вклопи осетно.
Напомена: Доколку не може да го вметнете листот за
пилата

8, проверете, дали SDS-прифатот за лист за пила 9

е отворен. За да го отворите, притиснете го SDS-прифатот
за лист за пилата

9 во правец на стрелката.

Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво

поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.

Исфрлање на листот за пила (види слика B)
При исфрлањето на листот за пила, држете го

електричниот апарат на тој начин што нема да биде
во близина на лица или животни кои би можеле да се
повредат од исфрлениот лист пила.

Притиснете го SDS-прифатот за лист за пилата

9 во правец

на стрелката. Листот за пилата ќе се отпушти и ќе се
исфрли.

Вшмукување на прав/струготини

 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои

видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното

место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при

вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.

Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

Henk Becker
Executive Vice President
Engineering

Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9

OBJ_BUCH-1968-001.book Page 61 Friday, May 31, 2013 10:56 AM

Advertising