Инструкции за безбедност – Инструкция по эксплуатации Electrolux EHF6140FOK

Страница 4

Advertising
background image

• Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го

апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак или

специјално противпожарно ќебе.

• Не чувајте предмети на површините за готвење.

• Не користете чистач на пареа за чистење на уредот.

• Металните предмети, како ножеви, виљушки, лажици и

капаци, не треба да се оставаат на површината за готвење

бидејќи може да станат жешки.

• Ако стакло-керамичката површина е напукната, исклучете го

апаратот за да ја избегнете можноста од струен удар.

2. ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

2.1 Монтажа

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Апаратот мора да биде монтиран

само од квалификувано лице.

• Извадете ја целата амбалажа.
• Никогаш не монтирајте и не користете

оштетен апарат.

• Следете ги инструкциите за монтирање

дадени со апаратот.

• Одржувајте минимална оддалеченост од

другите апарати и делови.

• Бидете внимателни кога го преместувате

апаратот затоа што е тежок. Секогаш

носете заштитни ракавици.

• Залепете ги засечените површини со лепак

за да спречите влагата да предизвика

надигнување.

• Заштитете го дното од апаратот од пареа и

влага.

• Не го монтирајте апаратот во близина на

врата или под прозорец. На овој начин ќе

спречите некој жежок сад за готвење да

падне од апаратот кога вратата или

прозорецот се отворени.

• Ако апаратот е монтиран над фиоки,

внимавајте просторот помеѓу дното од

апаратот и горната фиока да е доволен за

циркулација на воздух.

• Дното на апаратот може да стане жежок.

Ви препорачуваме да монтирате

незапалива плоча за одделување под

апаратот за да спречите пристап до дното.

Поврзување на струјата

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Ризик од пожар и струен удар.

• Сите поврзувања на струјата мора да

бидат направени од квалификуван

електричар.

• Апаратот мора да биде заземјен.
• Пред да се изведуваат какви било работи,

проверете дали апаратот е исклучен од

струја.

• Користете соодветен кабел за струја.
• Не оставајте ги каблите да се заплеткаат.
• Проверете дали кабелот за струја или

приклучокот (ако е применливо) го допира

топлиот апарат или топлите садови за

готвење кога го поврзувате апаратот со

штекери во близина

• Бидете сигурни дека апаратот е правилно

монтиран. Лабав и несоодветен кабел за

струја или приклучок (ако е применливо)

може да предизвика прегревање на

терминалот.

• Бидете сигурни дека е монтирана

заштитата од струен удар.

• Користете клема за да го ослободите

кабелот од напон.

• Потрудете се да не го оштетите

приклучокот за струја (ако е применливо)

4

www.electrolux.com

Advertising