Важни безбедносни упатства, Предупредување – Инструкция по эксплуатации Zanussi ZM21M0

Страница 71

Advertising
background image

EMM21150

МК

71

Важни безбедносни упатства.

ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО И ЧУВАЈТЕ ЗА ВО ИДНИНА

• Вградените безбедносни прекинувачи на

бравата спречуваат микробрановата печка да

работи кога вратата е отворена

• Не чепкајте ги и не обидувајте се да ја пуштате

печката да работи со отворена врата бидејќи

така може да се изложите на микробранова

енергија.

• Не дозволувајте истурена храна или остатоци

од средства за чистење да се насоберат на

површините за заптивање на вратата. Видете

во делот Чистење и одржување за начинот на

чистење.

• Особено е важно вратата на печката да се

затвора правилно и да нема оштетувања на:

(1) вратата (да не е искривена), (2) шарките

и резињата (да не се скршени или несигурни),

(3) заптивките на вратата и површината за

заптивање.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

: Ако се

оштетени вратата, шарките/резињата

или заптивките на вратата, со брановата

печка не смее да се работи додека не ја

поправи овластен сервисер.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

: Опасно е за

секого освен за фабрички обучените

сервисери да ја поправа или да ја

прилагодува печката. Јавете се на

најблискиот овластен сервис ако е

потребна поправка.

• Никогаш не вадете ги надворешното куќиште,

вратата или контролната табла. Така може да

се изложите на крајно висок напон.

• Наместете ја или ставете ја печката само во

согласност со „Упатства за монтирање“ во овој

прирачник.

• Користете го апаратот само за неговата

намена, како што е опишано во овој

прирачник. Не користете нагризувачки

хемикалии во апаратот. Овој вид печка е

посебно конструиран за загревање, готвење

или одмрзнување храна. Не е конструиран

за индустриска или лабораториска ниту за

комерцијална употреба - со тоа се обезважува

гаранцијата.

• Не пуштајте ја печката да работи празна.

Ако нема храна или вода да ја впијат

микробрановата енергија, магнетронската

цевка може да се оштети.

• Не чувајте го апаратот надвор. Не користете го

близу до вода.

• Не обидувајте се да сушите алишта или

весници во микробрановата печка. Тие може да

се запалат.

• Не користете ја внатрешноста за чување

предмети. Не оставајте хартија, прибор за

готвење или храна во внатрешноста кога

печката не се употребува.

• Температурата на достапните површини може

да е висока кога работи апаратот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

: Ако

забележите чад, исклучете го апаратот

или откачете го од струја и оставете

ја вратата затворена за да се задуши

евентуалниот пламен. Никогаш не гасете

со вода.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

: На децата и

на беспомошните лица дозволете им да

ја користат микробрановата печка, без

надзор, кога им се дадени соодветни

упатства со тоа што детето или

беспомошното лице може да ја користи

микробрановата печка на безбеден

начин и да ги разбери сите опасности

кои следат од несоодветното користење.

Безбедност на приборот

• Користете само прибор што е погоден за

употреба во микробранова печка.

• Повеќето стаклени, стакло-керамички и

огноотпорни стаклени садови се одлични

за употреба во микробранова печка. Иако

микробрановата енергија нема да ги загрее

повеќето стаклени и керамички предмети,

овие садови може да се вжештат бидејќи се

пренесува топлина од храната. Се препорачува

користење ракавици за вадење на садовите.

Advertising
Эта инструкция подходит к следующим моделям: