Чистење на надворешноста нега и чистење (скара) – Инструкция по эксплуатации Zanussi ZM21M0
Страница 84
EMM21150
МК
84
Чистење на надворешноста
Нега и чистење (скара)
Отворете ја вратата на печката кога ја чистите контролната табла. Ова ќе спречи печката да биде
вклучена ненамерно. Треба да ја исчистите надворешната површина на печката со благ течен
детергент и вода и потоа да избришете со чиста вода за да го исчистите преостанатиот детергент.
Исушете ја со мека крпа.
Средство за чистење на прозорец или средство за чистење на кујна исто така може да се користи.
Никогаш не користете абразивни средства, жици за чистење или тешки хемикалии за надворешната
површина на вашата печка. За да го избегнете оштетувањето на деловите, не дозволувајте вода да
протече во отворите за вентилација.
Елементот може да биде извалкан со распрксани мрснотии или масло додека печката се користи.
Почекајте додека комората се олади и избришете ги заостанатите мрснотии пред претходно
користење на печката. Дамките на скарата може да предизвикаат непријатна миризба и чад.